Трите самовили и човекот кој сакал да се самоубие (виц)

Си седи еден човек и размислува за животот:
„Ништо не ми оди во животот! Жена ми ме изневерува, ќерка ми се прост*туира, синот ми е крадец, а најверојатно и ќе ме избркаат од работа. Подобро да не живеам.“
Тргнал кон реката да се дави. На брегот на реката седеле три баби. Влегува мажот во водата, а бабите го запираат.
– Каде бе момче?
– Ќе се давам.
– А зошто?
– Затоа што животот ми е пекол!
И им раскажал се што му тежело.
– Чекај, чекај! – рекле стариците. – Ние сме самовили. Ќе ја средиме работата.
Првата си скубнала едно влакно од главата, дувнала во него и рекла:
– Еве! Жена ти те сака. Сега е во кујната и ти готви ручек.
И втората скубнала едно влакно и рекла:
– Ќерка ти се запиша на факултет за информатика.
Третата исто така дувнала во своето влакно и рекла:
– Синот ти се вработи во министерство за економија, а веќе имаш и нов шеф на работа. Те чека покачување на платата и унапредување.
Мажот се расплакал.
– Како да ви се заблагодарам мили самовили? Многу добрина ми направивте. Пари немам, немам ништо да ви дадам.
– Не се секирај! Ќе ни се заблагодариш на природен начин. Одамна не сме го правеле тоа, па ќе не водиш една по една во грмушките.
Човекот малку се подзамислил, бабите биле стари и збрчкани, но немало што да прави. Собрал сили, стиснал заби, па им се заблагорадил на сите три во грмушките.
Пред да си тргне накај дома, едната го прашала:
– Колку години си момче?
– 42.
– Машала! 42 години имаш и уште веруваш во самовили!?