Трогателна приказна: 8-годишното момче од Кина јаде коски и остатоци од храна само за мајка му со попреченост да не гладува

На 15 октомври, во провинцијата Хенан, мајката со интелектуална попреченост чекала пред вратата на училиштето цело утро за да го дочека детето да ѝ донесе храна. Според наставникот Ванг, таткото на детето загинал во сообраќајна несреќа, а во семејството останале само мајката и синот, кои се грижат еден за друг:

Ли Шибо, 8-годишното момче јадело остатоци од коски во училиштето затоа што ручекот ѝ го давал на мајка си.

Еден ден учителот Ванг забележал дека ученикот не бил во својата клупа, кога прашал каде е другите ученици рекле дека бил во кафетеријата. Но, кога учителот отишол таму го нашол момчето како јаде нечии остатоци од коски.

Учителот бил љубопитен и прашал „Сите добиваат бесплатен ручек, каде е твојот?“

 

Момчето не знаело како да одговори и само си заминало. После мала истрага дознале дека ѝ го давал ручекот на својата мајка која чекала кај портата на училиштето. Неговата мајка била со интелектуална попреченост, а татко му починал во сообраќајна несреќа кога бил многу млад.

Учителот го пофалил за тоа што го прави и исто така рекол дека од сега па натаму тој ќе ги плаќа оброците за мајка му. Откако видеото беше споделено брзо стана вирално со милиони прегледи. Многу добри луѓе понудија помош, некои донираа облека, други донираа храна, а трети пари. Благодарение на помошта од луѓе ширум земјата, цела соба се наполни со кутии полни со храна и материјали. Конечно, момчето повеќе не мора да ги јаде коските од своите соученици.

 

 

Никогаш не гледал со надменост на својата мајка со интелектуална попреченост. Тој попрво би гладувал отколку да ја остави таа да гладува. Браво момче!

 

  • Горан напиша:

    Браво

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *