Трогателно видео од момче со џуџест раст кое „не сака да живее“ доби среќен крај

Училишното насилство доведува до болка, тага и дури може да ги натера луѓето да ја загубат својата волја да живеат. Видео од 9-годишно момченце со џуџест раст од Австралија стана вирално и тоа повторно ја донесе темата за малтретирање во првите редови на главите на повеќето луѓе.

Видеото беше снимено од Јарака Бајерс мајката на 9-годишниот Кваден кој плаче и вели дека сака да си го одземе животот затоа што секој ден го малтретираат во училиште поради неговиот изглед. Момчето во видеото вели: „ Ќе се избодам во срцето. Сакам да умрам сега. Дај ми јаже сакам да се убијам.“

За да му покажат на малиот Кваден дека светот сепак е убаво место многу познати личности се понудија да му помогнат, вклучително и комичарот Бред Вилијамс кој исто така е со џуџест раст. Тој собра над 175.000 долари за момчето и неговата мајка да ги прати на патување во Дизниленд, Калифорнија. Членовите на Националната рагби лига во Австралија го поддржуваат 9-годишникот колку што можат најдобро. Истото го направи и познатиот актер Хју Џекмен.

Мајката на Кваден вели дека не може да биде мирна затоа што постојано се плаши дека нејзиниот син ќе си го одземе животот. Таа исто така вели дека тој веќе еднаш се обидел да направи такво нешто. Кваден е сега многу подобро и неговата мајка вели дека собира нови сили за да се справи со предизвиците во животот.