Трогателно видео покажува како кучето се обидува да го пронајде својот најдобар пријател, иако тој веќе не е меѓу живите
Кучињата се лојални, нема да го негираме тоа. Толку лојални што се спремни секогаш несебично да ве опсипат со својата љубов и да останат покрај вас во било која ситуација. Ова го покажа едно верно куче во округот Фупинг во кинеската провинција Шанкси, на кое толку многу му недостасува неговиот сопственик, што се обиде да го ископа гробот на човекот, откако неговото семејство го однело на гробиштата.
Хузи бил долгогодишен придружник на починатиот човек, наречен дедо Ву, кој неодамна починал од болест. Децата на Ву сега го чуваат Хузи, но тој сѐ уште не може да го прежали својот пријател.