Тројца полицајци на испит по физика (виц)
Усен испит по физика на полициска академија, основно ниво. Првиот полицаец влегува и професорот го прашува:
„Што патува побрзо, светлината или звукот?“
Полицаецот сигурно одговара:
„Звукот, секако!“
Професорот:
„Можете ли да го објасните тоа?“
Полицаецот:
„Кога го вклучувам телевизорот, прво се вклучува звукот, потоа сликата.“
Професорот:
„Не положи! Следниот, ве молам.“
Вториот полицаец влегува и професорот му го поставува истото прашање.
Полицаецот како од пушка:
„Светлината, секако!“
Професорот (со олеснување заради точниот одговор):
„Можете ли и тоа да го објасните?“
Полицаецот:
„Кога го вклучувам радиото, прво се вклучува светлото, а потоа се вклучува звукот.“
Професорот:
„НАДВОР! Не положи! Повикајте го последниот колега!“
Додека чека да влезе последниот полицаец, професорот вади од кабинетот ламба и сирена.
Влегува третиот полицаец и професорот за да му помогне ги вклучува ламбата и сирената истовремено.
Потоа го пршува полицаецот:
„Што прво забележавте, светлината или звукот?“
Полицаецот:
„Па тоа е лесно, точниот одговор е светлината.“
Професорот:
„Можете ли да го објасните тоа?“
Полицаецот:
„Секако! Очите се понапред од ушите.“

Коментирај анонимно