Тројца пријатели вложиле 900 долари и продавале пилешко месо на штанд на паркинг – неколку години подоцна се речиси билионери
На 24-годишна возраст, Арман Оганесјан заработувал само по 50 долари ноќе како стендап комичар без никакво искуство во угостителство. Но, со идеја да продава “Nashville hot chicken”, успеал да го убеди својот пријател, готвачот Дејв Копушјан, и нивниот другар Томи Рубенјан да вложат заедно 900 долари. Во 2017 година, во паркинг во Лос Анџелес, го отворија првиот pop-up ресторан Dave’s Hot Chicken.
Денес, компанијата има над 300 локации и стана франшиза вредна речиси 1 милијарда долари, откако Roark Capital купи мнозински удел. Според извршниот директор Бил Фелпс, оваа неверојатна приказна почнала со многу верба и уште повеќе сомнежи.
Случаен експеримент што им донел слава
Идејата речиси никогаш и да не се реализирала – Копушјан, кој работел во ресторани со Мишелин ѕвезди, во почетокот бил скептичен и дури рекол дека не сака пилешко. Но Оганесјан го убедил, и заедно со Томи, тројцата започнале со рецепти инспирирани од ресторанот Howlin’ Ray’s. Преку експерименти во кујната, дури случајно откриле дека киселата вода од краставиците совршено одговара за маринада.
Со минимална опрема и маси позајмени од родителите, започнале со продажба на паркинг. Првата вечер продале само четири оброци, но пет дена подоцна биле забележани од познат критичар, по што следела експлозија во интересот. За неколку месеци, заработуваа илјадници долари секоја ноќ.
Dave’s Hot Chicken денес
Во 2019 година, инвеститори како актерот Семјуел Л. Џексон и поранешниот НФЛ играч Мајкл Страхан влегле во бизнисот со намера да ја франшизираат марката. Денес, Dave’s Hot Chicken има локации во Канада, Велика Британија и Блискиот Исток, а во САД оствари 600 милиони долари продажба минатата година. Во 2025, се очекуваат приходи од 1,2 милијарди долари.
Иако го продадоа поголемиот удел, Оганесјан, Копушјан, браќата Рубенјан и Фелпс остануваат со сопственички удели и активни улоги во компанијата.
Зборот БИЛИОНЕР не постои во македонскиот јазик. Наместо тој збор неписмениот или неписмената од Мотика да го користи зборот МИЛИЈАРДЕР.
Ако преведувате статии, правете го тоа професионално и тично.
Луѓето секогаш сакаат да слушнат вакви приказни, од сиромав – станал богат.
Но, другите приказни за тие што пропаднале не ги раскажуваат!
Тоа ти е исто како да се пишува за тие што добиле на спортска (а колку во меѓувреме изгубиле пари…)!
Кога веќе критикуваш … не се пишува “Тично”
Се пишува Точно.
Друго – секој некој што има малку основно познавање од математика знае дека послем еден милион доага милиарда , а да послем една милиарда , доага еден Трилион !!!
Така да пред воопшто пак да мудруваш – прво описмени се со сигурни информации – за да наредниот пат кога ќе сакаш и ти да се направиш “паметен” да не случајно вака како сега – јавно направиш Мајмун од себе .
„Тично“ е само грешка при пишувањето која на секого му се има случено. Вероватно ти имаш завршено дактилографски курс со 1234 точни зборови во минута…така!?
А, ти многу писмениот треба да си ја освежиш својата меморија од основното училиште каде се обиделе да те научат дека помеѓу „и“ и “а“ се става „Ј“, така да твојата МИЛИАРДА треба да е МИЛИЈАРДА.
А, потоа, кој те учел да не ја употребуваѓ буквта „Ѓ“ во твојот збор „ДОАГА“!?
Треба да се пишува „ДОАЃА“.
Или можеби толку ти делиле та не знаеш каде да ја најдеш таа буква на тастатурата?
Прашај ќе ти кажат пописмените од тебе.
И која будала те воспитала со зборот „ПОСЛЕМ“!?
Само простаци необразовани кажуваат така…треба ПОСЛЕ.
Да, редот оди…милион, милијарда, трилион…каде е твојот БИЛИОН!?
Така да, батка…еден битолски совет…ОДИ МОЧАЈ!!!
Коментирај анонимно