Турист крвнички тепа крадец на сред плажа во Тенерифе (ВИДЕО)

Расплакани деца беа „евакуирани“ од нивните родители во паника, откако „турист“ нападна наводен крадец. Видеото кое кружи на интернет покажува средовечен маж кој вика на англиски додека тепа помлад маж со шипка на плажата Лос Абригос во јужниот дел на Тенерифе, Шпанија.

 

 

 

Запрепастените посетители на плажата гледаат како мажот го удира помладиот маж повеќе од десетина пати. Помладиот маж постојано паѓа на карпестата плажа и неколку пати пропаѓа во плитката вода додека се обидува да избега. Може да се видат неколку родители како ги земаат своите деца во раце и бегаат. „Canarian Weekly“ објави дека помладиот маж се обидел да украде нешто од постариот маж.

Во извештајот се наведува: „Жртвата се обидела да го украде паричникот на напаѓачот и фатен е на дело, туристот решил да го земе законот во свои раце и да се одмазди“.

 

Очевидци потврдија дека нападот бил предизвикан од обидот на жртвата да го украде паричникот на напаѓачот. Сликите кои кружат низ шпанските групи на „Фејсбук“ ги покажуваат повредите што ги претрпел помладиот маж, со длабоки исеченици на грбот. 

Лос Абригос се опишува како чудно рибарско село, „далеку од неонските светла и атмосферите за забава на главните туристички места како Лос Кристијанос и Плаја де лас Америкас“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Никола33 напиша:

    Море Васе, оти не искоментира дека овој претера со чотек, ебаго!

    • Жарко Г. напиша:

      Васе, сезнајкото, не коментира затоа што не можи да најди ништо од Википедија или од интернет за ова тепање, а кое би го ископирал и искористил за го претстави како свој „ексклузивен“ коментар.
      Инаку на многупати Васе е и забавен…за чудо едно.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *