Туристички автобус падна од мост во река во Торино (видео)
Тешка несреќа се случи во строгиот центар на Торино – автобус падна од мост во реката По. И покрај брзата реакција на итната помош, 64-годишниот возач не можел да се спаси, а брзата помош само констатирала смрт. За среќа во моментот на несреќата во возилото немало патници.
Трагичната несреќа се случила вчера околу 17 часот и 30 минути, во близина на мостот Виторио Емануеле I, кој го поврзува центарот на Торино со другиот брег на реката.
Фатен е моментот кога автобус со средна големина влетал низ заштитната ограда на мостот додека се движел во рикверц и потоа паднал во реката. Автобусот стоел речиси исправен пред да падне во реката.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно