Туристка сама ги врати работите кои ги украла од Помпеја, затоа што се „проколнати“ и ѝ го уништиле животот

Туристка која украла артефакти од античкиот град Помпеја во 2005 година молела да им ги врати откако ја прати несреќа 15 години по ред. Канаѓанката, идентификувана само како Никол, украла предмети, вклучувајќи две мозаични плочки, делови од амфора и парче керамика додека била во туристичка посета во нејзините 20-ти.

Во писмо со признание напишано до туристички агент оваа година, Никол призна дека ги зела артефактите затоа што сакала парче историја што „никој не може да ја има“. Во годините по нејзиното патување во Помпеја, Никол, која сега има 36 години, откри дека страдала од рак на дојка двапати, „последниот пат завршив со двојна мастектомија“ и дека таа и нејзиното семејство се бореле и со финансиски проблеми.

Никол го замолила агентот за патувања „да ги врати назад“, велејќи дека моштите „носат лоша среќа“ и дека тие имаат „толку многу негативна енергија“ поврзана со таа земја на уништување. Таа додала дека ја научила својата лекција и сакала „прошка од Бога“.

Никол не била единствената која побара прошка бидејќи нејзиниот пакет вклучувал второ писмо со исповед од канадски пар, кој признал дека украл камења од античкото место во 2005 година. „Ги зедовме без да размислуваме за болката и страдањето што ги доживеаја овие сиромашни души при ерупцијата на Везув и нивната страшна смрт. Жал ни е, ве молиме простете ни што го направивме овој ужасен избор. Нека нивните души почиваат во мир.“, стоело во второто писмо.

Помпеја е една од најпосетуваните атракции во Италија и им овозможува на туристите да го видат градот сочуван каков што бил откако бил покриен со вулканска пепел по катастрофалната ерупција на планината Везув, вулкан во близина на Заливот на Неапол во Италија.