Туризамот во Мексико „цвета“ и покрај пандемијата

Десетици илјади американски туристи пристигнаа на пенливите плажи на Карибите во Мексико кон крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година, правејќи пауза од пандемиската зима во Америка. Иако бројката на смртни случаи и заразени во Мексико не опаѓа сепак ова не е пречка работите да си продолжат во нормален тек.