Турска компанија направи вистински трансформер од BMW

Фанови на Трансформери обрнете внимание! Има една компанија во Турција што прави реални трансформери од БМВ-а. Компанијата одговорна за маскираните вистински роботи се нарекува Летвизија, турска компанија за истражување и развој која создава, како што ги нарекува, Летрони.

Како што се гледа на снимките подолу, она што изгледа како црвен BMW со нормален изглед, може многу брзо да се трансформира во висок џин комплетиран со роботски глас и можност за возење со помош на далечински управувач кога е во „режим на автомобил“.

Неговиот процес на трансформација е всушност многу гласен, а има и вградени машини за чад за дополнителна драма. Сѐ уште не знаеме што може да се очекува од овие трансформери бидејќи тие немаат формирана цена. Од компанијата велат дека нема да продадат ваков робот на било кој богаташ. Тие наместо тоа ќе ги користат како можности за маркетинг за да се покажат инженерските способности на Турција.

„Летроните“ се креации кои парите не можат да ги купат. Покрај одличната карактеристика да се биде вистински, реален трансформер, летроните се опремени и со Wi-Fi, како и мотори за движење на главата, вратот, рацете, зглобовите и прстите.