Турски кифли што се топат во уста – Најмеките кифлички што некогаш ќе ги пробате
Овој рецепт е идеален за секој што сака едноставни лебни специјалитети. Клучната тајна е да добиете меко тесто – ако станe тврдо, кифлите ќе бидат исто така тврди.

Потребни состојки за подготовка на турски кифли:
– 750 мл млеко (три шолји)
– 1 лажица сув квасец
– 2 лажици шеќер
– 250 мл масло (една шолја)
– 1 кг брашно
– сол

Подготовка на сочните турски кифли:
Во сад измешајте млако млеко и сув квасец и промешајте. Во друг сад комбинирајте шеќер, сол и масло. Додајте го млекото и повторно промешајте па постепено додавајте брашно. Важно е да не го додадете сето брашно одеднаш.
Месете додека не добиете меко и еластично тесто кое многу малку се прилепува за дланките. Покријте го садот и оставете тестото да стасува 30-40 минути.
Потоа, со малку масло премачкајте ги рацете за да не се лепи тестото. Скинете делови, оформете ги во саканата форма и ставете ги на подмачкано тенџере или плех. Печете во претходно загреана рерна на 200°C додека не поруменат убаво.

Коментирај анонимно