Твитерџии го изразија своето мислење за пожарите кои беснеат низ Македонија

Пеколните горештини и други фактории предизвикаа пожари на целата територија на Македонија, а оној што најмногу ги преплаши македонските граѓани е оној во Кочани. Пожари вчера беснееја и во повеќе кумановски села, како и помали пожари низ други локации во државата.

Граѓаните изреволтирани од ненавременото реагирање поради недостаток на опрема го изразија своето мислење на социјалните мрежи. Секако секоја чест за пожарникарите, војската и храбрите граѓани кои даваат се од себе за да помогнат во оваа тешка ситуација.