Твојот нов најдобар пријател за оваа пролет: “Coca-Cola Zero Lemon”!

Добра вест за сите љубопитни, активни и полни со енергија: пристигна долгоочекуваното освежување од големото Coca-Cola семејство: “Coca-Cola Zero Lemon”!

Доколку секој нов ден за тебе е нова авантура, ако за тебе пролетта е нова можност за одново вљубување во секој вкус, тогаш новиот “Coca-Cola Zero Lemon” е токму за тебе. Твојот нов најдобар пријател низ урбаниот метеж и тивките паркови, низ градските улици и неоткриената спокојна природа, пред испит или пред средба со твојата симпатија, носи со себе супер-силна свежина и енергија за во текот на целиот ден.

Совршената комбинација на добропознатиот Coca-Cola вкус произведен по оригиналната формула и лимон кој освежувува и инспирира, е идеалниот одговор за топлите, црвено – жолти зајдисонца кои се отвораат пред тебе оваа нова пролет. Цел нов свет стои пред тебе!

Затоа побрзај, пронајди го “Coca-Cola Zero Lemon” со одличниот нов дизајн во најблискиот маркет или твоето омилено кафуле, во пакување кое тебе најмногу ти одговара, без разлика дали си во движење, во пар или споделуваш приказни и нови искуства целото твое друштво.

Велат, секоја пролет е време за нов почеток. Ние велиме, оваа пролет е време за лимон. За добро изладена, полна чаша “Coca-Cola Zero Lemon”. На здравје!