Убави вести од Прилеп: 85-годишна бабичка го победи коронавирусот

Како што се намалува бројот на заразени, а се зголемува бројот на излечени пациенти од коронавирусот во Македонија спремни сме и за многу позитивни вести и приказни. Една таква убава вест ги развесели Прилепчани, но и цела Македонија. Една бабичка од Прилеп е доказ дека борбата за живот не се намалува со возраста.

85-годишната Елена Макалоска од Прилеп е најстариот излекуван пациент од Covid 19 во инфективното одделение на Општата болница во Прилеп. Елена, пресреќна што го „надмудрила“ најголемиот непријател на луѓето во изминатиот период изразила желба да се фотографира со дел од персоналот кој се погрижил таа жива и здрава да се врати кај своето семејство.

Убавата вест ја објавија од Општата болница-Прилеп на нивниот Фејсбук профил: „Денес имаме и причина за славење. Најстариот излекуван пациент од Covid 19 во нашето инфективно одделение. 85-годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал.“ Навистина прекрасни вести во вакви тешки времиња.