Убавите луѓе поминуваат полесно во животот, а петицијата да се ослободи овој „сладок убиец“ е доказ за тоа

Корисниците на социјалните мрежи потпишуваат петиција за да се ослободи момче кое уби мајка и дете, тврдејќи дека заслужува помала затворска казна затоа што е „премногу симпатичен“.

Камерон Херин беше осуден во април 2021 година на 24 години затвор, шест години помалку од максималните 30, откако се изјасни за виновна за убиството на Џесика Раубонолт и нејзината 1 и пол годишшна ќерка Лилија, кои ги удрил со неговиот Форд Мустанг додека се тркал со автомобилот во Тампа, Флорида, САД, во 2018 година.

По изрекувањето на пресудата, бројни профили на социјалните мрежи започнаа да споделуваат објави со  зборовите „правда за Камерон“ на Твитер, Инстаграм и Фејсбук.

Се појави и петиција за негово ослободување која досега има 27.000 потписи,

Дел од поддржувачите на Камерон велат дека тој „не го сторил тоа намерно“ и дека „е премногу сладок за да оди во затвор“.