„Убедена сум дека сопругот ме изневерува откако најдов еден чуден доказ – но, не сите со коишто споделив се согласуваат со мене“
Откривањето на можни знаци на неверство кај партнерот може да биде разорувачко искуство. Една жена сподели на Редит дека по 25 години брак, наишла на нешто што ѝ ја разбудило недовербата. Имено, во камионот што нејзиниот сопруг неодамна го користи за работа, нашла црвена обетка забодена во визирското огледалце над совозачкото седиште.
Таа тврди дека неколкупати го користела огледалцето, но никогаш претходно не ја забележала обетката. Сопругот објаснил дека таа веројатно е од претходниот сопственик на камионот, додавајќи дека неговиот колега во возењето исто така ја забележал неодамна. Сепак, жената останува скептична и мисли дека можеби обетката била намерно оставена како знак од друга жена.
Коментаторите на „Редит“ предложија различни можности. Некои сметаат дека обетката би можела да биде од колешката со кого нејзиниот сопруг се вози, или дека можеби останала од претходниот возач. Некои споделија и приказни за колеги кои намерно поставувале сомнителни предмети во возила за да предизвикаат драма.
Советот што најчесто се повторуваше беше жената да собере конкретни докази пред да извлече заклучоци. Иако сомнежот е разбирлив, без потврда, обвинувањата би можеле да ја нарушат врската без причина.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно