Убиец со ангелско лице: Оваа жена ловец од Франција добива закани затоа што позира до мртви животни

Оваа девојка изгледа нежно со мило и ангелско лице, но всушност има убиено повеќе животни од голем број на мажи. 23-годишната Џоана Клемонт од Франција добива закани по нејзиниот живот затоа што позира до убиени животни.

Таа е студентка по право и има над 300.000 следбеници на социјалните мрежи. Џоана вели дека треба да донесе „гламур“ во хоби доминирано од мажи. Таа предизвикала голем револт неодамна откако го намачкала лицето со крв од елен и така се фотографирала. Сепак Џоана вели дека не наишла на никаков вид на сексизам од страна на машките колеги и дека тие се среќни кога во групата има жена која знае да лови.