Ученичка открива неверојатна лична поврзаност со порака во шише пронајдена по 26 години: „Останав со подзината уста“
Ретки се случаите пораки во шише да бидат пронајдени, а уште поретко од членови на семејството на испраќачот. Но, токму тоа се случило со Макензи Ван Ејк кога испратила порака во езеро, која 26 години подоцна ја прочитала нејзината ќерка.
„Навистина не размислував за тоа често, па бев многу изненадена,“ изјави Канаѓанката за Канадската радиодифузна корпорација, раскажувајќи за ова неверојатно случување.
Писмото во шише било дел од задача што ја добила во 1998 година, додека била четврто одделение во католичкото училиште „Свети Јован Крстител“ во Бел Ривер, Онтарио. Била задолжена да пишува за квалитетот на водата во Големите Езера, а потоа писмото да го стави во шише и да го фрли во езерото Сент Клер. По сè изгледа, Макензи го заборавила проектот од училиште додека оваа есен, детето Ривер Ванденберг, кое оди во градинка, го открило шишето додека бил на прошетка покрај езерото со баба му.
„Ова писмо е од Макензи Морис и одам во училиштето Свети Јован Крстител. Сум во четврто одделение кај господинот Сен Пјер,“ гласела пораката. „Писмото ми е за водата во Големите Езера. Прочитавме книга наречена ‘Патување до морето’. Беше многу убава книга“.
Изненадени, Ривер и баба му Мишел го испратиле писмото во основното училиште, каде што наставникот на четврто одделение го прочитал писмото пред клас во кој случајно се наоѓала и ќерката на Макензи, Скарлет.
Таа не можела да поверува што слуша. „Устата ми се отвори од изненадување,“ рече изненаденото девојче. „Сите беа збунети и прашуваа ‘Кој е тоа? Кој е тоа?’ а јас реков, „Мајка ми“.
Тоа за Макензи претставувало целосен круг, која отсекогаш се прашувала што се случило со пораката.
„Беше посебно искуство да направиш нешто такво, да фрлиш порака и да мислиш можеби некој ќе ја најде подоцна,“ рече таа.
Роланд Сен Пјер, сега пензиониран наставник кој ја осмислил задачата пред сите тие години, исто така бил потресен од неверојатното откритие.
„Сосема заборавив на ова, па беше вистински шок,“ изјави поранешниот наставник, додавајќи дека бил изненаден што пораката преживеала „26 години без да се распадне.“
Иако ова е навистина ретко, не е најдолгиот временски период по кој пронајдена порака во шише.
Тој рекорд го држи порака стара 200 години, која била пронајдена при археолошко ископување во северна Франција во септември. Писмото го напишал археологот П. Ж. Фере, кој запишал дека тој организирал ископувања на истото место во 1825 година.
Со што се доаѓа до заклучок дека езерото не е исчистено од пластични шишиња и отпад, од 98-ма год. до денес…
Коментирај анонимно