Ученичка решила да ја промени религијата за да може да носи пирс на носот

Ученичка била суспендирана од училиште поради пирсање на носот, но потоа смислила уникатен начин за да се извлече од неволја.

Лили, која на социјалните е позната како @l1lyall3n, им објасни на своите следбеници дека од училиштето и рекле дека може да го испирса носот само од верски причини, па одлучила да се приклучи на религија која поддржува пирсинг.

Ако се прашувате кои религии спаѓаат под овој чадор, очигледно тоа се однесува на членовите на сатанистичките храмови, па Лили одлучила да се регистрира преку интернет во обид да го задржи пирсингот на носот.


*текстот на сликата е преведен од англиски

Лили го сподели бунтовното патешествие во петокот, 3 септември, и оттогаш собра скоро 94.000 лајкови и 1.500 коментари.

Поради слични причини е основана и „Црквата за модификации на телото“ која е призната како верска институција

Нејзините членови практикуваат модификација на телото како начин на зајакнување на телото, духот и душата, а луѓето кои се членови имаат „верско право“ на пирсинг и тетоважи.