Ученици подготвија изненадување за наставничката која се бори со ракот

Учителка во Ванкувер, која моментно се бори со карцином не можеше да ги совлада емоциите откако нејзините ученици ѝ приредија изненадување. Учителката од второ одделение, Лори Бурпи е на боледување од октомври откако ја добила дијагнозата дека боледува од рак.

Додека се одмарала дома пред да оди на хемотерапија Лори се изненадила кога здогледала светла и капи пред нејзината врата. Кога излегла надвор сфатила дека околу 30 ученици се собрале да ѝ пеат Божиќни песни во дворот.

Лекарите првин мислеле дека Лори има рак на дојката, но по понатамошни испитувања откриено е дека Лори всушност имала редок карцином на плунковна жлезда лоцирана под една од нејзините гради. Лори издржа шест рунди зрачење и сега заврши со својот трет круг хемотерапија во обид да се бори против карциномот, кој сега метастазирал во нејзините бели дробови.

Иако Лори е далеку од училиштето, учениците и колегите и понатаму се инспирирани од нејзината грижлива природа, па дури и започнаа проект во чест на оваа многу храбра и посебна жена.

Идејата за овој проект очигледно произлезе од сопствената апсолутно брилијантна роденденска традиција на Лори, каде таа и пријателите прават изненадувања и добри дела за славеникот.