„Учителството е како лош брак, останувате за децата“: Наставничка даде храбар отказ во живо пред комисија

Постојат повеќе од 40 милиони резултати од пребарувањето на Google кои ви даваат начини да си поднесете оставка, што покажува дека луѓето се грижат за тоа како постапуваат со оваа пресвртна точка. Оваа посветена жена од основното училиште „Индијан Вудс“ повеќе од 20 години работи како наставничка. Сепак, сето тоа заврши во нејзиниот драматичен говор кој се пренесуваше во живо. „Учителството е како лош брак, никогаш не ги исполнувате вашите потреби, но останувате во него за децата“, изјави Аманда Кофман до одборот за образование.

Таа односот со одборот го опиша како „лоша врска“ бидејќи не сакале да ги сослушаат нејзините барања и кога побарала состанок на крајот го пратиле нивниот адвокат. Таа вели: „Децата и јас заслужуваме подобро.“ Исто така ги критикува дека разговарањето со одморот и администрацијата во здрагата е исто како да вреска во ветер и повеќе не сака да си го троши здивот. „Нема повеќе прашања за разјаснување. Не одговарам пред вас повеќе.“, го заврши говорот Аманда.