Училница без ѕидови: „Нашите ќерки не одат на училиште, патуваат со нас низ светот и така стекнуваат знаење од „прва рака“
Дијана и Скот Блинкс од Флорида гордо го напуштиле традиционалното образование, за да им овозможат на своите три ќерки школување преку патување – познато како „world schooling“.
„Патуваме и учиме од светот, од прва рака,“ вели Дијана (41), мајка и креатор на содржини со над 145.000 следбеници на Инстаграм. Со сопругот Скот (47), поранешен директор во софтверска компанија, таа ја напуштила работата и животот во Тампа во јули 2022 и заедно со ќерките Лусил (12), Едит (11) и Хејзел (9) тргнале низ светот.
Спознавање на културите од прва рака
Во текот на две години, семејството посетило 40 земји – од Исланд до Тајланд, од Уругвај до Грција. Ќерките не учат од учебници, туку преку искуства: танцуваат фламенко во Шпанија, учат митологија на Акропол и готват тајландски специјалитети во Бангкок.
Патувањата ги повеле и до „Boundless Life“ – хабови за деца во „world schooling“ каде што имаат структуриран наставен процес и можност за дружење со врсници, а во попладневните часови се организираат културни и спортски активности.
„Научивме дека не мора да бидеме дел од класична училница за децата да добијат квалитетно образование,“ вели Дијана. „Важно ни беше да ги запознаат културите преку директно искуство.“
„За нас ова е вистинскиот живот“
Семејството моментално е во Уругвај, каде што учат локални рецепти и учествуваат во тури и работилници. За летото, планираат посета на Бразил, Порторико, Колумбија и повторно Мексико.
Иако се соочуваат со критики на интернет за „привилегиран“ начин на живот, Дијана е сигурна во својот избор: „Овој стил не е за секого, но за нас ова е вистински живот. Веруваме во учење преку искуство.“
Коментирај анонимно