Уметници ѝ оддаваат почит на бремената слоница која почина откако некој нечовек ѝ ставил пиротехника во ананасот

На 27 мај, бремена слоница почина во Керала, Индија, од измачувачка болка откако изеде ананс во кој некој нечовек ставил петарди. Тие експлодирале во нејзината уста и сериозно ѝ ја оштетиле вилицата.

Портпаролот на одделот за шуми во Керала изјавил дека не е вообичаено земјоделците да ставаат петарди во овошјето за да ги избркаат дивите животни. Приказната допре до светот откако шумарот Мохан Кришнан се обидел да ја спаси слоницата и го објавил случајот на Фејсбук.

Официјални лица велат дека дивиот слон веројатно заскитал надвор од Националниот парк во потрага по храна. Голем број хуманитарни организации нудат награда за оној кој ќе даде одредени информации за тоа каде точно слонот се повредил и која е личноста која става пиротехника во овошјето.

Уметници од целиот свет одлучија да ѝ оддадат почит на бремената слоница и нејзиното неродено слонче, кои сега се во рајот.