Уметник искористи 200.000 капачиња за создавање на првиот еко-мурал во Венецуела

Многу уметници ширум светот започнаа да се свртуваат кон уметноста што го привлекува вниманието на сите кон постојано растечкото прашање поврзано со климатските промени.

Меѓу овие примери е и 23-годишниот Оскар Оливарес од Венецуела, кој неодамна стана популарен откако направи огромен мурал направен од капачиња од шишиња.

„Покрај техниките, секогаш ја користев својата уметност да бидам среќен и да го искажам она што го чувствувам и мислам“, вели Оливер. „Јас сум длабоко среќен кога цртам или сликам и сакам луѓето што ја гледаат мојата работа да ја чувствуваат истата среќа што ја чувствувам за време на креативниот процес.“, додава тој.

Оскар Оливарес, во соработка со локалната организација за животна средина ОкоСпири и Movimiento en la Arquitectura para el Futuro (движење во архитектурата за иднината), го создаде гигантскиот мурал користејќи рециклирани пластични капаци од шишиња и капаци од пластични садови.

Потребни беа 2,5 месеци да се постават над 200.000 капачиња на мал плоштад, Плаза Ескалона во општина Ел Хатило, Каракас. Муралот се протега вкупно 45 метри во должина, 3.5 во височина на најниската точка и 7,5 на највисоката.