Уметник ни овозможува да погледнеме како навистина изгледале овие историски познати личности

Сите знаеме како изгледаат познатите личности во модерно време, но сосема е друга приказната кога станува збор за историјата. Повеќето од нив биле прикажани од уметници кои биле под влијание на трендовите и технологиите на нивното време, а нивниот уникатен стил бил исто така фактор. Не е чудно еден  човек да изгледа сосема поинаку во зависност од уметникот. Така, природно ни доаѓа да се прашуваме како тие навистина изгледале. Сегашната технологија напојувана од компјутери и вештачка интелигенција нуди одговор на ова прашање, а понекогаш одговорот изгледа толку реално што е дури и морничав.

Холандскиот уметник Бас Утервик, познат како Ганброд на Инстаграм, ја задоволува нашата љубопитност покажувајќи ни како навистина изгледале овие историски и „измислени“ личности.

Нефертити

Клеопатра

Акенатен

Афродита

Давид на Микеланџело

Тутанкамон

Елизабета I

Волфганг Амадеус Моцарт

Кралицата Тиа