Уметник од Полска користи старо железо за да ги создаде овие фасцинантни скулптури инспирирани од популарни филмови (44 слики)

Себастијан Кучарски, уметник од Полска, создава одлични скулптури од разни парчиња старо железо и стари автомобилски делови. Тој не ги продава своите дела. Сите дела се поставени во музејот што тој го создаде, кога скулптурите повеќе не се собираа во неговата работилница. Себастијан Кучарски се одликува со уникатен, препознатлив стил, неверојатен перфекционизам и внимавање на најмалите детали. Тој внимава на естетиката на деловите што ги избира за неговите прекрасни скулптури. За да создаде едно вакво дело потребни му се 600/700 часа работа, а во оваа импресивна колекција веќе вложил над 30 000 часа работа.