Уметник покажува дека освен коронавирусот во светот почнаа да владеат и други 2 вируси
Жена во супермаркет во Австралија нападнала со нож маж за тоалетна хартија. Студент од Сингапур од кинеска етничка припадност е претепан во Лондон затоа што „вирусот е од Кина“. Демонстрантите на островот Реунион фрлаат камење по патниците во бродовите за крстарење. Ваквите вести прават да веруваме дека пандемијата со коронавирусот го истакнува најлошото кај луѓето.
Да, се случуваат ужасни работи. Сепак, за секој извештај за паника и алчност, има надеж и братство. А, Логан Микел, креативниот ум зад стрип-сериите верува дека треба да се фокусираме на второто. За да ја илустрира својата поента, тој неодамна создаде стрип наречен „Другите 2 вируси кои се шират наоколу сега“.