Уметник покажува како би изгледал светот доколку карантинот „никогаш не заврши“
На сите оваа домашна изолација, полициски час и ограничувања ни изгледаат како цела вечност. Добрата вест е што ова сценарио нема да се изреализира и иако ќе потрае уште ќе имаме можност повторно да си уживаме во животот на „стариот начин“. Сепак уметникот Џовани Гароне одлучил да го претстави светот во едно „постапокалиптично“ светло.
Тој ќе ви покаже како би изгледале градовите доколку „карантинот никогаш не заврши“ и природата си го направи своето. Неговиот интересен проект е наречен „Beyond“ и иако и тој самиот не верува во вакво нешто смета дека е прекрасно да се земе во предвид моќта на природата.
Базиликата „Свети Петар“, Ватикан
Плоштадот Свети Марко, Венеција
Статуата на слободата во Њујорк
Санта Кроче, Фиренца
Ајфеловата кула, Париз
Париз
Споменик на Холокаустот во Берлин
Метро станица, Пјонгјанг