Уметник создаде креативен стрип инспириран од мемето „Жената која ѝ вика на мачката“
Интернетот едноставно не би бил ист без мемиња. Можеби најголемото меме на 2019 година е, изненадувачки, „Жената која ѝ вика на мачка“, бидејќи се рашири како никое друго и беше многу позитивно прифатено. Комбинација од две фотографии, од кои на една се прикажани учесничките на Вистински домаќинки на Беверли Хилс, Тејлор Амстронг и Кајл Ричардс веднаш до фотографијата на збунетата мачка која е само обична домашна мачка по име Смаџ.
Мемето се применуваше на илјадници различни сценарија и се обликуваше во сосема различни ситуации, бидејќи недостатокот на контекст на оригиналната слика им овозможи многу простор за имагинација. Како и да е, еден уметник решил да постави свој пресврт на мемето и да обезбеди позадина за добро познатите фотографии.
Демијен кој е познат под псевдонимот Unfins состави стрип од 4 дела кој ја дава „целосната приказна“ за тоа што навистина се случило за жената да биде изнервирана од мачката.