Уметник создава цртежи со молив и им вдахнува „животен сјај“

Мексикански уметник, Енрике Бернал, пронајде уникатен начин да ги направи своите цртежи со моливи да заблескаат со мистерија. Тој умно додава дигитална светлина на различни делови од неговите скици.

Ова уникатно комбинирање на модерни и традиционални техники му помага да нацрта тела и лица, на кои елементите оживуваат и не можеме да го тргнеме погледот од нив.