Уметник создава неверојатна уметност на плажа, но со многу краток рок на траење… до следниот поголем бран

Единствената забелешка што некој може да му ја даде на брилијантниот 29-годишен уметник Џон Форман, е трајноста на неговите уметнички дела. Уметникот троши до четири часа создавајќи хипнотизирачки форми во песокот и тоа користејќи само гребло за собирање лисја и стап.

Џон, чие платно е плажата во близина на неговиот дом во Милфорд Хевен, Велика Британија, вели дека тоа што неговата уметност ја снемува неколку часа по нејзиното создавање, ја прави искуство.

Тој вели: „Фактот што делото е краткотрајно всушност го прави поспецијално – како цвет што процветува само еднаш“.

„Понекогаш морам да работам со големи чекори за да ја завршам работата пред да почне плимата. За тоа време, можеш да добиеш голема доза на адреналин, осносно ја прави работата многу возбудлива“.