Уметникот излупи „уметничко дело“ од 120.000 долари на ѕид во галерија и го изеде
Не знаеме за вас, но ние некако не можеме да ја сфатиме оваа „премногу современа“ уметност. И под премногу современа мислиме на презреана банана, залепена на ѕид во галерија која вреди 120.000 долари. Па уште и драмата кога „уметникот“ доаѓа и со го јаде делото.
Со наслов „Комичар“, контроверзната банана на италијанскиот уметник Маурицио Кател, може да се види во меѓународната галерија „Перотин“ во Арт Базел во Мајами. Сепак, оние што се надеваат дека ќе ја видат оригиналната банана ќе се разочараат. Екстравагантното овошје оттогаш исчезна низ грлото на уметникот Дејвид Датуна.
Сопственикот на галеријата Емануел Перотин се подготвувал да се упати кон аеродромот кога слушнал дека уметноста е уништена. За него се вели дека бил „јасно вознемирен“ откако се вратил во галеријата, дури и кога еден посетител се обидел да го развесели нудејќи му ја својата банана.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.