Умно куче од џунглата спаси пар од Ванкувер кој се изгубил додека бил на пешачење во Камбоџа

Или Јанг и нејзиното момче Јаник од Ванкувер, Канада, биле во посета на Камбоџа и другите делови на југоисточна Азија за да откријат нови вкусови и да научат нови рецепти како инспирација за каминот за храна на Јаник, г-дин Аранчино.

Одморајќи се од дегустацијата на храната, парот решил да тргне на 45-минутно пешачење, во обид да пронајдат затскриена плажа на островот Кох Ронг за која што слушнале. Но, откако завршиле во густа шума сфатиле дека се изгубиле.

Или и Јаник сфатиле дека грешат еден час откако навлегле во џунглата. Тие немале никаква опрема и биле во сандали и апостолки. Парот почнал да паничи кога нивниот GPS не им ја давал точната положба. Тие сакале да се вратат назад, но и во овој процес се изгубиле.

По некое време до нив се појавило весело кученце. Парот вели дека кучето било пријателски расположено и мрдало со опашот. Тие не знаеле како одеднаш се појавило до нив, но решиле да го следат со надеж дека барем тоа знае каде оди.

Кучето се појавило пред нив три пати и тоа секогаш кога за малку ќе скршнеле по погрешен пат. На крајот кога ги однело до главниот пат ги чекало на камен на крајот од патот. Или и Јаник го милувале кучето и му дале храна и вода за да му се заблагодарат.

Нее јасно од каде дошло кучето, но Или вели дека на островот има многу кучиња кои се „опуштени“ и спремни да истражуваат. Таа претпоставува дека херојското куче што им пришло на спасување е едно од овие островски улични кучиња.