Умрел од скршено срце: Сопругот на наставничката-херој убиена во масакрот во Тексас, почина само два дена по нејзината смрт
Со молскавична брзина се рашири веста за сопругот на наставничката Ирма, кој починал од тага по својата сопруга. „Навистина верувам дека Џо почина од скршено срце и дека губењето на љубовта на неговиот живот беше премногу за поднесување“, изјавила братучетката на Ирма, Дебра Остин.
Наставничката Ирма Гарсија и нејзината колешка, Ева Мирелес (44), херојски загинале во масакрот , штитејќи ги децата од куршумите на напаѓачот. „Почина со деца во рацете обидувајќи се да ги заштити. Тоа не беа само нејзини ученици, тие беа и нејзини деца“, напиша на Твитер внукот на Гарсија, Џон Мартинез. Оваа храбра наставничка работела 23 години во училиштето во кое херојски загина, каде претходно била прогласена за „учител на годината“ поради нејзината исклучителна посветеност на работата.
Ирма Гарсија и нејзиниот сопруг биле во брак 24 години и имаат 4 деца. Нивниот најстар син е во воен камп, додека нивниот втор син го посетува Државниот универзитет во Тексас, а имаат и две помали ќерки. Нејзиниот сопруг бил скршен од болка и не можел да ја издржи загубата на својата сопруга и починал од срцев удар или како што велат нивните најблиски, од преголема тага.
Светот остана шокиран после бруталниот масакр во Основното училиште „Роб“ во Тексас, но истовремено се поклонува на исклучителната храброст на овие две наставнички, кои го жртвуваа својот живот за да ги спасат своите ученици.