Упатство за инфлуенсерки: Каде да најдеш вистински маж во Македонија? (виц)
Не во сепаре со шише на маса.
Не во клуб каде што летаат салфетки на Теа Таировиќ.
Не во кафуле каде што тие што личат најбогати пливаат во долгови.
Нема да го најдеш во кабриолет пред луксузен хотел.
Нема да го видиш како виси по локали до 3 сабајле.
Нема да му ги видиш ни парите, затоа што не ги лепи по музика и не ги носи на себе како новогодишни сијалички.
Не ти паѓа во очи затоа што не прави циркус околу себе.
Каде е тогаш?
Најчесто спие, затоа што станува рано.
На работа е додека ти уште не си ги избришала гурелките од исушената маскара.
Вози обична кола и пие кафе на раат, не за стори.
Вистински мажи има во Македонија и ти ги среќаваш секој ден, ама не ги забележуваш! А не ги забележуваш затоа што тие не сакаат да те сретнат тебе.

Коментирај анонимно