УПС: Жена видела на плажа „женско тело без глава“ и веднаш повикала полиција, но се избламирала
Жена од Нов Зеланд направила голема грешка кога пријавила во полиција дека нашла „тело без глава“ на плажа, а всушност се работело за многу реалистична с*кс-кукла. Таа го шетала своето куче на плажата Тапуе, јужно од градот Њу Плимут.
„Можев да видам дека апсолутно имаше форма на торзо, со лицето надолу. Личеше на жена. Исто така, видов дека имаше нокти, прстите на нозете беа многу реалистични, па затоа навистина личеше на човек.
Кога Елис Коудри забележала дека не се гледа глава, и дека можеби се работи за обезглавено тело, одлучила да ги повика итните служби. Тројца полицајци одговориле на повикот и брзо заклучиле дека се работи за многу реалистична с*кс-кукла, а не за човечко тело.
Елис изјави дека ѝ „олеснало“ што не се работело за вистинско тело, но исто така се срами од својата грешка. Според полицијата, добро е што луѓето пријавуваат вакви сомнителни ситуации; куклата можеби била украдена, па истрагата продолжува.


Коментирај анонимно