Урнебесните одговори на 5-годишната ќерка на прашањата на нејзиниот татко го „освоија“ Интернетот
Писателот на комедијата Џејмс Брејквел има четири ќерки помали од осум години и ги споделува нивните урнебесни разговори на Твитер. И, според твитовите на Брејквел, изгледа дека неговото петгодишно дете има иднина во комедијата.
Еве примерок од некои најсмешни твитови на Брејквел инспирирани од 5-годишната ќерка.
1.
Јас: Што правеше денес на училиште?
5-годишната ќерка: Учев за змејовите.
Јас: Вашата наставничка ве учеше за змејовите на часот?
5-годишната ќерка: Јас учев за змејовите. Што правеа сите други не знам.
2.
5-годишната ќерка: *загледана во небото*
Јас: Што не е во ред?
5-годишната ќерка: Што се случува ако кенгур скокне на трамболина?
Јас: *зјапам во небото*
3.
5-годишната ќерка: Зошто мама се шминка?
Јас: Да изгледа убаво
5-годишната ќерка: Но, таа е веќе убава.
Јас: Ауу.
5-годишната ќерка: Тато, ти треба да се шминкаш.
4.
3-годишната ќерка: Дали момчињата го сакаат Фрозен?
5-годишната ќерка: Никому не му е гајле што сакаат момчињата.
5.
[Гледајќи момче на ТВ како дава вештачко дишење]
5-годишната ќерка: Зошто ја бакнува?
Јас: Не ја бакнува. Тој ѝ го спасува животот.
5-годишната ќерка: Повеќе би сакала да умрам.
6.
Јас: Кој ги изеде сите колачиња?
5-годишната ќерка: Нинџи.
Јас: Не ги видов.
5-годишната ќерка: Никој никогаш не ги гледа.
Шах мат.
7.
5-годишната ќерка: Зошто луѓето ви честитаат кога мама е таа што го прави бебето?
Јас: Јас ѝ помогнав
5-годишната ќерка: Како?
Јас: …
5-годишната ќерка:…
Јас: И ги прочитав упатствата
8.
Јас: Уште си во пижами.
5-годишната ќерка: Ќе се облечам наскоро.
Јас: 4 е попладне.
5-годишната ќерка: Не ме избрзувај.
9.
5-годишната ќерка: *нема да станам од кревет*
Јас: Не сакам да се борам со тебе секое утро.
5-годишната ќерка: Тогаш дозволи ми да победам.
10.
5-годишната ќерка: Можеме ли да јадеме пица?
Јас: Само вчера јадевме пица.
5-годишната ќерка: Пицата не го знае тоа.
11.
Јас: Побрзај.
5-годишната ќерка: Еве брзам.
Јас: Сè уште си во кревет.
5-годишната ќерка: Спијам побрзо.
Коментирај анонимно