Уште ова ни фалаше: Шумските пожари во Чернобил се опасно близу до нуклеарниот реактор
Пожарите во Чернобил повеќе од една недела уништуваат делови од зоната на исклучување, а сега има загриженост дека пожарот се движи опасно близу до нуклеарниот реактор. Веста доаѓа само една недела откако украинските власти открија скок во зрачењето во областа каде започнаа првите пожари.
Бидејќи пожарите продолжуваат да се шират, се појавува поголема загриженост дека доколку се приближи до реакторот, кој експлодирал уште во 1986 година, може да има загадување од зрачење. Стотици пожарникари работат на тоа да ги изгаснат пожарите што горат од 5 април.
Пожарите веќе зафатиле 8.600 акри а во саботата на 11 април во зоната биле распоредени 400 пожарникари, 100 противпожарни машини и неколку хеликоптери. Додека нивото на зрачење е повисоко за цели 16 пати сè уште е многу пониско од зрачењето дадено од почетната експлозија, но сепак претставува ризик за жителите на земјата.
По пожарите кои се зголемуваат низ околината на зоната на исклучување, полицијата ги евакуираше жителите од селото Полиске, кое се наоѓа во внатрешноста на зоната. И покрај фактот дека на луѓето им е забрането да живеат на 30 километри од реакторот, се верува дека Полиске е дом на 20 жители.
Временските прогнози покажаа дека ветерот носи делови од радиоактивен чад кон регионот Чернихив и границата со Белорусија со зголемена загриженост дека чадот може да го пробие до главниот град на земјата, Киев кој е дом на 3 милиони жители.