Уште еден резил за македонските политичари! По толку пари сметки во кафани правите!
4-ца параглајдеристи од Македонија се пласираа на Светското првенство во параглајдерство кое се одржува во Аргентина. Но, како и обично спортот не е секогаш поддржан од државата.
На момците им се потребни околу 10.000 евра за покривање на трошоците за кои треба да се снајдат самите. Како и за многу работи во државата така и за ова помош побарале од граѓаните.
До кога за убави и лоши работи ќе собираме пари ние самите, додека некој истите си ги става во џеб?
„Драги пријатели, Македонци !!!
Нашата Македонија, можеби е мала земја но докажано раѓа спортисти со врвни квалитети. Во Параглајдингот можеме да се пофалиме дека имаме пилоти, херои, кои важат за едни од најдобрите во светот. Фактот дека Македонија го живее своето ‘златно време’ во овој спорт повторно се потврди годинава со врвните успеси, подиуми и победи, на нашите пилоти на повеке интернационални натпревари и со тоа, Македонската репрезентација е поканета од Интернационалната асоцијација да учествува во полн 4-член состав на претстојното Светско првенство 2021, кое ке се одржи од 31-ви Октомври до 13-ти Ноември во Аргентина.“ , стои на страната каде што може да се донира за момците.
Донациите можат да се направат тука.