Уште еден скандал со шокантна сметка на турскиот готвач

Велат дека турскиот готвач Солт Беј скоро секој месец вика полиција во неговиот ресторан поради жалби од клиентите.

Како дел од менито во ресторанот има обичен бифтек кој чини околу 200 долари и обвиткан во 24 каратно злато кој чини 1.000 долари. Секако златото нема вкус ни текстура туку е ставено само за да изгледа убаво.

Гости во ресторанот порачале два бифтека, но им стигнале позлатени иако не го побарале тоа, но не се ни пожалиле.

Почнале да се жалат кога им стигнала сметка од 5.000 долари. Тие повикале и полиција, но на крајот биле приморани да ја платат сметката.