„Утре се разведувам од сопругот, поради тоа што престана да чисти во моментот кога се венчавме. Крајно е некултурен и одвратен. Можете ли да ме обвините?“

Една жена буквално збеснала откако нејзиниот сопруг престанал да чисти и да се грижи за хигиената, веднаш штом стапиле во брак. Двојката, која е во врска четири години, никогаш порано немала проблеми со чистењето, затоа што секој од нив си ги извршувал своите обврски.

 

 

 

„Сè се смени по бракот и не можам да ви објаснам зошто, одеднаш тој стана таков“, напиша сопругата на „Редит“.

„Престанав да ги правам сите домашни работи поради протест еден месец по нашиот брак и сега живеам во целосна нечистотија. Ретко сум дома поради нередот. Јас работам со скратено работно време и сум кај сестра ми почесто, нему за тоа не му е ни грижа“.

Сопругата објасни дека тоа не е едноставен случај на неуредност – туку повеќе како влажна храна во мијалникот, бубачки, кутии насекаде, ѓубре што не се фрла, трошки, валкани алишта и купишта натрупани садови.

„Пред неколку часа му реков дека ако не исчисти вечерва, тогаш ќе се разведам од него утре, тој ми рече дека сум ку*ка и дека чистењето повеќе не е негова работа“.

 

 

Додека нејзината свекрва ја убедува да не го уништува бракот, илјадници луѓе едногласно го критикуваа однесувањето на сопругот и ѝ рекоа на Американката дека дефинитивно е време да го напушти.  Луѓето не можеа да одлучат што е полошо, самиот неред или ставот на сопругот.

„Однесувањето е целосно неприфатливо. Едно е да имаш различни стандарди за чистење, но сосема друго е активно да одбиеш да придонесеш за заедничкиот простор за живеење. Нивото на нечистотија е нехигиенско и непочитувачко“, искоментира една жена како поддршка за нервозната сопруга.

„Тој сака традиционална домаќинка/мајка, но со модерна сопруга“, рече друга жена.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *