Ужас: КЛОШАР од татко си го употребувал своето бебе како бришач за автомобилот и сето тоа го снимил за „ТикТок“

Полицијата во Тексас истражува случај во кој 25-годишен маж го користел своето тримесечно бебе за да исчисти снег од автомобилот, откако видеото од инцидентот стана вирално на интернет.

 

 

На снимката, направена на 21 јануари за време на зимската бура во Порт Артур, таткото е снимен како го лизга бебето по предното и задното стакло на „Хјундаи Елантрата“, додека се смее. Иако видеото подоцна било избришано од „ТикТок“, локалните медиуми потврдија дека настанот се случил пред станбениот комплекс „O.W. Collins Elderly Apartments“.

Според шефот на полицијата Тим Дурисо, покрај таткото, во моментот на инцидентот биле присутни уште две жени, од кои една најверојатно е мајката на детето. По проверките, било утврдено дека бебето е физички добро и сè уште е во родителска грижа, но властите продолжуваат со истрагата.

 

 

Адвокатот Кори Креншоу го пријавил случајот во полицијата, а Дурисо изјави дека се разгледува криминалното досие на осомничениот. Очекувањата се дека следната недела ќе биде издаден налог за апсење преку Окружното обвинителство на Џеферсон.

Видеото предизвика жестоки реакции на интернет – многумина го осудија таткото, сметајќи дека треба да се соочи со последици, додека други тврдат дека станува збор за кукла, а не вистинско бебе. Додека истрагата продолжува, јавноста останува поделенa – дали ова е опасна злоупотреба на дете или невкусна шега?

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *