Ужасна воздушна несреќа на „Америка Ерлајнс“: Авион со 64 луѓе се судри со воен хеликоптер во близина на аеродромот во Вашингтон (ВИДЕО)
Патнички авион на „Американ Ерлајнс“ со 64 лица се урна во воздух откако се судри со воен хеликоптер додека се обидуваше да слета на аеродромот „Реган“ во Вашингтон.
Спасувачките екипи пребаруваат во реката Потомак, каде што авионот се урна во водата околу 21 часот. Според властите, има потврдени жртви и засега нема преживеани. CBS јавува дека се пронајдени телата на 18 лица, а нуркачите истражуваат три зони на урнатини.
Авиокомпанијата потврди дека на летот 5342 од Вичита, Канзас, кон Вашингтон имало 60 патници и 4 членови на екипажот. Се верува дека авионот се распаднал на два дела и се наоѓа во вода длабока околу два метра, додека хеликоптерот е превртен и нестабилен.
Федералната управа за воздухопловство (FAA) соопшти дека авионот, модел „Bombardier CRJ700“, се судрил со воен хеликоптер „Sikorsky H-60 Black Hawk“ при приближување кон пистата. Министерството за одбрана потврди дека хеликоптерот припаѓал на Армијата и пренесувал тројца војници на тренинг лет.
Во аудиоснимка од контролата на летање, се слуша како контролор бара потврда дали хеликоптерот го забележува авионот, а само неколку секунди подоцна друг пилот извикал: „Кула, дали го видовте тоа?“ По судирот, веднаш биле пренасочени останатите летови кон аеродромот.
На прес-конференција, властите не дадоа дополнителни информации за бројот на жртви, но потврдија дека 300 спасувачи работат во „комплексни и екстремно тешки“ услови, бидејќи реката е студена и замрзната на некои места.
Во моментот на несреќата температурата на водата била околу 3°C, а преживување во такви услови е можно само 15-20 минути пред да настапи хипотермија. На местото на несреќата биле распоредени голем број итни служби, а снимки од безбедносни камери покажуваат како двете летала се судираат и експлодираат во огнена топка.
Аеродромот „Реган“ објави дека сите полетувања и слетувања се откажани, но терминалот останува отворен. Патници во аеродромската зграда гледале низ прозорците како десетици возила на итната помош ја осветлуваат пистата.
Сенаторот од Канзас, Роџер Маршал, ја нарече несреќата „кошмар“ и побара детална истрага. Белата куќа потврди дека претседателот Трамп бил информиран, а тој изрази сочувство и поддршка за спасувачките екипи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Беља голема!
А вчера во Алјаска им падна ловец Ф-35. Среќа пилотот се катапултира и преживеа.
Коментирај анонимно