В Кочанско негде, кај в слаМа гореа цвета, убија деца!
В Кочанско негде,
кај в слаМа гореа цвета,
убија деца!
Во глуво доба од Кочани,
се слушна крик, плач и тага,
се молевме сите,
Господе, да биде лага!
Но од час во час,
нé стигаше зол глас,
од пламенот силен,
ни немаше спас!
Вистина беше! Вистина е! Изгоревме!
Броеја тие, плачевме ние, доста е!
В Кочанско негде,
кај в слаМа
гореше цвете,
родител бараше дете!
Застанете, прашајте, замолете, најдете!
Мајка да не плаче, татко да не колне!
Но, од час во час,
нé стигаше зол глас,
за многу нежни цвета,
немаше спас!
Проклет да е часот,
што в мугри чукна,
остави душа да вене,
дур срце ни пукна!
Клет да е клет,
секој што рака ставил,
да нема ден,
да нема миг да не зажали!
В Кочанско негде, кај в слаМа,
гореше цвете..
Како од утре,
да не плачеме,
да не жалиме,
кога ве нема веќе!
Верица Блажевска
Кочани, 16.03.2025г
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.
Da mi tie Alal Bravo








Коментирај анонимно