Вака би изгледал животот на Марс: Концептот на населба на Црвената планета за кој се зборува

Во првата половина на 2020 година, архитектонското студио Махно од Украина бараше концептуални алтернативи за животот на Земјата. Така се роди План Б – предлог-проект за подземни бункери во кои луѓето ќе најдат спас од секаков вид на катастрофа.

Во 2021 година, архитектонското студио отиде чекор понатаму и го понуди планот Ц – идејата за човечко населување на Марс. Во студиото Махно велат дека Планот Ц е нивната визија за естетиката на иднината која можеби никогаш нема да се оствари.

Во моментов нема докази за можна колонизација на Марс, ниту реални шанси човечката раса да преживее на оваа студена и далечна планета. Но, тоа не ги спречи да фантазираат.

Планот Ц е направен под претпоставка дека научниците пронашле начин да ја произведат потребната количина на кислород, вода и храна за живот на Марс, но и како да го елиминираат штетното зрачење.

Планот Ц вклучува автономна населба во облик на прстен која треба да се наоѓа на падината на кратерот за да го заштити од песочни бури. Половина од населбата би била резервирана за спартански домови наменети за едно или две лица, а другата половина за болница, истражувачка единица, техничка служба и други простории од заеднички интерес.

Целата храна би се одгледувала во рамките на населбата, па оранжериите со фитолампи се уште едно неизбежно место во концептот на архитектонското друштво Махни.

Низ средината на населбата би поминувала сала која би служела како место за трпезарија, но и простор за рекреација и дружење со другите жители. Овде би биле засадени и многу дрвја и други видови растенија.

Салата би била и исклучително важна за здравјето и нормалниот живот на жителите на планетата со ниска гравитација. Студиото Махно дизајнираше простор со велосипеди за вежбање за да помогне да се спречи атрофија на мускулите.