Вака изгледа луксузен букер за преживување од 3 милиони евра

Можеби 2020 година предомисли некои луѓе дека не е толку лошо да се има бункер за преживување. За секој случај. Ако купувате бункер и имате доволно злато за да „потонете пиратски брод“ можеби ќе сакате да црпите инспирација од овој бункер северно од Вичита, во Канзас, кој продава станови од по 3 милиони долари, најевтиниот чини 1,5 милиони долари, а најскапиот 4,5 милиони долари.

Точната локација на бункерите не се открива но, доволно е да занеме со што располагаат. Она што порано беше ракетен силос од Студената војна, изграден од американската влада, беше претворен во луксузни станови. Проектот Survival Condo, кој стои зад сè, наведува дека до 75 луѓе можат да живеат во бункер долги 5 години. И навистина може да се живее луксузно таму.

Бункерот има сè, од општа продавница и библиотека до медицински центар и бар. Само бидете подготвени да платите месечна такса за здружение на жители од 5.000 долари.

Без разлика дали станува збор за глобална пандемија, нуклеарна катастрофа, sидови со дебелина од 2,7 метри и фактот дека сте 15 ката под земјата, може да направи да се чувствувате безбедно.

Лари Хол го купил ракетниот силос за 300.000 уште во 2008 година и веднаш започна со работа за претворање во бункер од висока класа. Хол и неговиот тим потрошија скоро 20 милиони долари на проектот што им овозможува на 12 семејства да преживеат дури и директно нуклеарно влијание.

Бункерот има сè што би очекувале од нешто луксузно: има 3 начини за напојувања, 3 засебни извори на вода, систем за филтрирање вода, аквапониско земјоделство, како и хидропонска храна. Звучи како нешто од научно-фантастичен филм, но тоа е реалност.

Се разбира, само да се имаат минимум нештата за опстанок не е начин да се живее. Значи, бункерот исто така доаѓа со теретана, базен, кино, ѕид за качување по карпи, па дури и парк за кучиња.