Вака луѓето од Тајланд се справуваат со новата забрана за пластични кеси за еднократна употреба
Тајланд ја започна новата деценија со забрана на пластика за еднократна употреба во поголемите продавници и луѓето веднаш пронајдоа креативни начини за купените добра да си ги однесат дома. Пред новиот закон да стапи на сила Тајланд беше 6-та земја во светот по фрлање отпад во морето. Од промената, тие се преселија на 10-то место на списокот. Но сепак по секое пазарање мора да се пронајде начин како истите работи да се однесат дома, а жителите на Тајланд се прилично иновативни кога станува збор за ова.
Од кофи и корпи, до куфери и колички – тие пробуваат сè. Очигледно овие луѓе не слушнале за торба. Земјата која има население од над 69 милиони вели дека сака да работи кон целосна забрана до 2021 година. Забраната што е дел од тековниот 20-годишен акционен план вклучува застој за употреба на микро-мониста во козметиката и наскоро ќе вклучува пластични сламки и чаши.