Вака навистина изгледаат манекенките и инфлуенсерките за кои што мислиме дека се совршени

Британската манекенка, блогерка и тв водителка Џорџи Кларк редовно објавува пред и потоа фотографии на кои покажува како изгледа нејзината фигура од различни агли на фотографирање. Факт е дека сите девојки на социјалните мрежи бараат агол кој ќе ги сокрие нејзините маани, без целулитот да излезе на површина.

Кларк објаснува дека ги споделува фотографиите од своето тело со цел да ја открие вистината за измамничките слики што инфлуенсерките ги објавуваат на социјалните мрежи. Ретуширани фотографии, според неа, штетно влијаат на самодовербата на луѓето.

„За фотографијата лево, морав да го пронајдам вистинското осветлување, аголот, да го свиткам задникот, да застанам на прстите, да си го вшмукам стомакот и да го задржам здивот. Во исто време, за сликата од десната страна, јас само се насмевнав и опуштив, – напиша Кларк на инстаграм. „Мислам дека двте фотографии се соодветни за мојот Инстаграм и двете ја покажуваат мојата вистинска личност.