Ваш партнер во движењето: Како Славеј со хумана помисла стана успешна компанија

Навикнати сме да гледаме огромен број на фирми кои се формираат чисто заради остварување на профит од своите купувачи, но каде се оние ретките кои почнале од мала и хумана цел? Центарот за ортотика и протетика, Славеј е токму таков пример.

Во далечната 1949 година било формирано чевларското одделение на Славеј, со цел во тоа време да ги опреми со ортопедски помагала телесно инвалидизираните лица жртви од последиците на Втората светска војна. Во тој период Славеј била државна фирма, но како што налагала ситуацијата во државата морала да се приватизира.

Иако за жал во тој период многу фирми не успеаја да се опорават, Славеј чекореше кон светла иднина. Славеј во 2000 година се трансформира во акционерско друштво со 100% приватен капитал. Фирмата продолжи да расте и да се развива, додавајќи нови оддели и услуги.

Низ годините кои следеа Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје секогаш беше воден од стремежот за постојан напредок, со посветена тимска работа, со следење на најсовремените технологии и нивно инплементирање во севкупниот работен процес и преку создавање на висококвалитетни кадри порасна во компанија која е водечка во областа на ортотиката и протетиката, посебно во доменот на индивидуалното производство на ортопедски помагала произведени за потребите и по мерка на секоја индивидуа погодена од било која категорија на телесен инвалидитет.

Постојат многу фирми кои произведуваат обувки, но тука не станува збор за нешто обично. Ортопетдските обувки се индивидуално ортопедско помагало кое бара многу знаење и вештини. Затоа чевларите поминуваат низ долгогодишна обука и специјализирање.

Преточеното искуство во модерна и софицстицирана опрема прави Славеј да е една од најдобрите куќи за рачно изработени чевли во регионот. Производството на чевли се одвива со почитување на највисоките стандарди на квалтитет, во контролиран процес, а современите ортопедски обувки, пред се мора да исполнуваат медицински и технички криериуми.

Тука клиентите не се само број, секој е добредојден и си има свое посебно место, во компанија која повеќе делува како едно големо семејство, каде што сите се сплотени за крајната цел: задоволување на купувачите и нивните потреби.